Tag: историја
-
Времеплов – Струмица низ историјата – грчките аспирации кон Струмица

Грчките весници, како Емброс, објавувале опширни извештаи за битката за Струмица, величајќи го успехот на војската. Во изданието од 1 јули 1913 година, освојувањето на Струмица било претставено како триумф, заедно со Кавала. Весниците тврделе дека грчката армија спасила цивили од бугарски злосторства и дека дури и Турците во Струмица со радост ги пречекале грчките…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – Струмички учители од 1880 до 1913 година

Во горенаведениот период во Струмица и во Струмичко учителствувале голем број учители-револуционери, меѓу кои биле: Стојан Ѓоргиев, Костадин Самарџиев, Иван Илиев Ајдински, Костадин Димков, Христо Бабамов, Ѓорги Илиев, Мито Ковачев, Васил Поп Тодоров, Димитар Бујуклиев, Илија Маказлиев, Никола Казанџиев, Атанас Караманов, Костадин Мазнејков, Мануш Ѓоргиев-Турновски, Васил Узунов, Петар Хаџи Јорданов (роден во Кавадарци), Иван Чонтев…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – Организација се бори против андартски и врховистички чети

Овие групи не успеале да реализираат успешни акции, па грчката пропаганда сметала дека мора да формира андартски чети, „кои бил имале за цел да ги штитат Патријаршиските струмички села“. Бидејќи и тоа се покажало невозможно се додека е активна Организацијата, летото 1905 година во Струмица пристигнале двајца емисари на грчката пропаганда, со цел да преговараат.…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – Струмичкиот округ по Илинденското востание

Она што исто така му сметало е дека Организацијата според него, била „парично помагана од гркоманите” и во неа влегле „многу млади гркоманчиња”. Митрополит Герасим исто така бил лут на тоа што „Комитетот не ги терал луѓето да си ја осознаат својата (бугарска) народност”, туку напротив, го спречувал преминувањето од една во друга црква. Токму…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – Струмичките амами

Од овој период во Струмица датираат вкупно 9 јавни и семејни амами, од кои 2 се изградени во самиот град и 7 во околните села од кои 4 во Банско, 1 во Баница, 1 во Сарај и 1 во Градашорци. Освен амамите во Банско, кои ја користеле топлата, термална вода, сите други користеле загреана вода,…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – легендата за Уструмџе и изглед на градот

Во легендата се вели: „Затоа што Анајтах се родил во Струмица, Александар Македонски сакал да го награди овој мудрец, па му ја дал котлината да владее со неа. Ајантаџ тука основал град – кој се нарекувал „дворецот на Ајантах“. Ајантах бил познат како голем мудрец кој имал познавања од разни науки, а посебно астрологијата, па…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – стопанство и економија под Османлиите

Интересен податок за тоа колку била тешка состојбата на струмичани ни доаѓа од една непотполна статистика од 1911 година, каде што од 40 струмички села можеме да видиме дека 21 биле целосно чифлички села. Тоа значи дека ниеден македонец немал свој имот. Осум од струмичките села биле мешани, а само 11 села имале сопствена земја.…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – казата Струмица, и пописот на струмичани во 1894 година

Еден посебно интересен документ со доста податоци за овој период е обработен од страна на Драги Ѓоргиев, и е објавен од страна на Струмичкиот музеј. Се работи за „Салнамето за Солунскиот Вилает“ од 1894/95 година кој на 586 страни го обработува целиот Солунски вилает, каде припаѓала и Струмичката каза. Овој документ денес е зачуван во…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – Илинденско востание

Една од најкрвавите битки во пред Илинденскиот период ќе се случи на 6 април 1903 на врвот Готен, во Малешевските планини. Во неа се судриле три чети од Струмичкиот округ и турскиот аскер. Струмичката чета ја водел X. Чернопеев, а радовишката пак Коста Мазнејков. Четите си помагале една со друга но засилување му пристигале и…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – Аферата Мис Стон

Како оделе преговорите дознаваме директно од Ѓорче Петров: „Дикенсон во преговорите се однесувал од високо и не сакал да преговара со разбојници. Нему му било одговорено дека тие не ја признаваат бугарската влада, дека таа е нивни непријател и дека доколку тој се осуди да ги предаде на бугарските власти, не ќе го остават жив,…









