Tag: историја
-
Времеплов – Струмица низ историјата – населување на Огузите и Јуруците

Пристрасниот Евлија Челебија, за својот престој запишал дека „насекаде гледа само Турци и муслимани“. Во неговите пишувања тој тврди дека за време на неговиот престој Струмица имала 2040 куќи, но не соопштува речиси ништо за тоа каков бил составот на населението. Сепак, во продолжение на своите пишувања тој споменува дека во Струмица биле добро застапени…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – Струмица под Деановиќи

Браќата Деановиќи — деспот Јован Драгаш и „господин” Константин — биле синови на Душановиот властелин и зет Деан Жарковиќ. Деан бил оженет за душановата сестра Теодора, поради што ја добил дворската титула деспот и владеел во областа Жеглигово, околу денешно Куманово. Токму оваа титула по неговата смрт ќе ја наследи син му Јован Драгаш, кој…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – животот на Струмичани во XIII и XIV век

Од занаетите и занаетчиите во Струмица најраспространети биле ковачите, и потковачите, потоа златарите, седларите, шивачите, грнчарите, уздарите, ѕидарите и други. Интересна е мерката која била донесена да се оневозможи неконтролирано ковење на пари, па така струмичките златари морале да живеат само во градот. Струмица продолжила да биде трговска раскрсница каде што трговијата била многу развиена,…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – Хрељо (Реља Крилати)

Очигледно е дека Струмица низ целото средновековие била одлична почва за издигањето на независни владетели, затоа што издигнувањето на Хрељо, се случувало речиси под слични околности, како и претходните две на Хрс и Стрез. Приказната на Хрељо навистина е интересна и покажува дека во Струмица отсекогаш постоеле лукави и способни политичари, кои вешто балансирале помеѓу…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – Писмото на Грегора

Никифор во писмото зборува и за сè уште видливите последици од честите пустошења што се случиле во минатото и кои „брзо ги претвориле овие краишта во пусти и ненаселени”. Судејќи по неговото сведочење утредента патувале уште еден цел ден до Струмица, па по описот на месноста на нивното ноќевање, може да се заклучи дека групата…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – Добромир Стрез

По крајот на Струмичкото кнежество и повторното освојување на Струмичката област, Византијците сакале да и се одмаздат на бунтовничка Струмица. Па така следел период на пљачкања и пустошења, а дел од население на кнежевството ќе биде однесено во ропство. Токму таквиот развој на настаните придонел струмичани повторно да се подготвуваат за нова буна. Сплетот на…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – Добромир Хрс и Струмичкото кнежество

Снаодливоста на Хрс ќе дојде до вистински израз во тоа што тој во Струмица ќе успее да создаде мала независна феудална држава. За неговото потекло нема сигурни податоци, но се претпоставува дека потекнувал од македонското феудално племенство од самиот струмички регион. Она што со сигурност се знае е тоа дека околу 1185 година Хрс, имајќи…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – по Беласичката битка

Овие повелби се значајни затоа што од нив дознава и територијалниот обем на Самоиловата држава. Струмица се споменува уште во првата „грамота“ издадена 1019 година, каде се споменува како Струмичка епархија. Во оваа грамотата уште се определува и бројот на закрепостените селани, клирици и парици, што ќе им се даваат на епископите. Струмичката епархија го…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – Беласичка битка

Судејќи по историските извори, може да се претпостави дека маршрутата на одредот на Никифора Ксифијас била следната: прво, движење на исток, до селото Коларово, а одовде, вој јужна насока, по патеката кон билото на Беласица, од каде се спуштил во селото Горни Порој. Одовде преку селата Долни Порој, Матница и Шугово, фаќајќи нова планинска патека…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – ранохристијански центар

Имено, покрај црковните центри како што се Св. Петнаесет, Св Леонтиј, Св. Богородица Елеуса итн. присуството и активната работа на Св. Методиј и Св. Климент во котлината, Струмица може да се пофали дека е еден од најраните христијански центри на Балканот и дефинитивно еден од највлијателните христијански центри во Македонија.









