Author: ristogjorgjiev
-
Времеплов – Струмица низ историјата – извештајот на Карнегиевата комисија за Балканските војни

Во Дабиље биле запалени 50 куќи, во Ново Село 160 куќи, Вељуса, Монастира, Сврабите, Попчево 43, Костурино 130, Раборци 15, Шам-Чифлик 20, Балдевци 2, Зубово 30. Грците запалиле девет турски села: Амзали 150 куќи, Гечерли 5 куќи, Чанакли 2, Ново-Махала 2, Еднокуково 80, Секерник 30, Сушица 10, Свидовица 10, Борисово 15, како и две патријаршиски…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – судбината на турското население во Првата балканска војна

Но и оние што биле осудени на смрт пред нивната ликвидација биле ограбувани, а тие пари завршувале во рацете на претседателот на Комисијата, мајорот Грбиќ. Жртви на ова однесување не биле само граѓаните на Струмица, туку во голем дел и бегалците од околината или од соседните околии. Ликвидацијата на турското население се извршувала на три…
-
Времеплов – Струмица низ историјата -Балкански војни

„Управата, беговите и граѓаните (од Малешевско и Радовишко б. н. ) дојдоа први, а после, ете ти ги и сите турски села потекле во долги кервани од воловски и биволски коли и натоварени коњи и магариња, потерале стада овци и кози. Повлекле жени и деца, натоварени со завивки и, овде-онде, со покуќнина… Не по волја…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – грчките аспирации кон Струмица

Грчките весници, како Емброс, објавувале опширни извештаи за битката за Струмица, величајќи го успехот на војската. Во изданието од 1 јули 1913 година, освојувањето на Струмица било претставено како триумф, заедно со Кавала. Весниците тврделе дека грчката армија спасила цивили од бугарски злосторства и дека дури и Турците во Струмица со радост ги пречекале грчките…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – Струмичката епархија низ историјата

Првите докази за тоа колку рано христијанството дошло во Струмица, ги наоѓаме во записите за синодскиот христијански собор во Сердика (Софија) кој се случил во 343 година, каде како еден од присутните е заведен учесникот – Теоктист, Епископот тивериополски, што потврдува дека тогашен Тивериопол (Струмица) веќе бил седиште на епархија.
-
The Concordat of Worms (1122): A Turning Point in the Struggle Between Church and State

In a broader sense, the Concordat illustrated the shifting dynamics of medieval Europe, where emerging institutions—whether monarchies or churches—sought to define and defend their jurisdictions. While it did not end all Church-State conflicts, the agreement at Worms remains a significant moment of political and ecclesiastical negotiation, revealing the complex interplay of power, faith, and governance…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – влегување на Врховизмот и убиства во ВМРО

Во средината на 1910 година младотурските придобивки речиси исчезнале и состојбата во Македонија, а и Струмица се вратила на султановото време. Тоа било знак за раководителите на Струмичкиот округ повторно да се активираат. За жал, за ВМРО левица во Струмица следува тежок период затоа што X. Чернопеев, се поврзал со врховистите, и откако бил врбуван…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – Струмички учители од 1880 до 1913 година

Во горенаведениот период во Струмица и во Струмичко учителствувале голем број учители-револуционери, меѓу кои биле: Стојан Ѓоргиев, Костадин Самарџиев, Иван Илиев Ајдински, Костадин Димков, Христо Бабамов, Ѓорги Илиев, Мито Ковачев, Васил Поп Тодоров, Димитар Бујуклиев, Илија Маказлиев, Никола Казанџиев, Атанас Караманов, Костадин Мазнејков, Мануш Ѓоргиев-Турновски, Васил Узунов, Петар Хаџи Јорданов (роден во Кавадарци), Иван Чонтев…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – 1908/1912 -Младотурската револуција

Кога во септември започнала султанската контрареволуција, ВМРО левица се одзвала на позивот на младотурците за одбрана на уставниот поредок. За таа цел биле формирани одреди на доброволци – народна полиција, кои требало да се сретнат во Дојран и да се упатат кон Цариград. Откако се собрале во Струмица, доброволците под раководство на Атанас Караманов, Костадин…
-
Времеплов – Струмица низ историјата – Организација се бори против андартски и врховистички чети

Овие групи не успеале да реализираат успешни акции, па грчката пропаганда сметала дека мора да формира андартски чети, „кои бил имале за цел да ги штитат Патријаршиските струмички села“. Бидејќи и тоа се покажало невозможно се додека е активна Организацијата, летото 1905 година во Струмица пристигнале двајца емисари на грчката пропаганда, со цел да преговараат.…









