Времеплов – Струмица низ историјата – Римски период

Струмичкиот времеплов, го продолжуваме по смрта на последниот антички македонски крал Персеј. Во 180 п.н.е. пред да почине кралот Филип V, Персеј успеал да го убеди татка си, да нареди и да го погуби неговиот про-римски настроен брат Деметриј. Персеј љубоморен поради успехот на Деметриј како амбасадор во Рим, се обидувал и успеал да го убеди татка си да го отруе. Труењето на Деметриј било извршено, како што веќе спомнавме во Струмица. Ваквиот факт посочува на важноста на Струмица во тој период, затоа што тука престојувал вториот по ред престолонаследник на македонскиот трон.

Меѓу другото, и ова убиство било дополнителен поттик за Римјаните да ја нападнат Македонија. Судирот меѓу Македонија и Рим ќе кулминира со „Битката на Пидна“, по кој победената Македонија ќе се распадне и подели на 4 републики. Струмица ќе припадне во втората или така наречена, Горна Македонија. Во 146 п.н.е. четирите републики се распаѓаат и Македонија официјално станува римска покраина. Струмица ќе остане во склоп на автономната Горна Македонија се до распадот на Рим во 385 година. Под римско владение, Струмица ќе остане 531 година.

Со доаѓањето на римјаните во Струмица и струмичко ќе настанат значајни промени. Првата е тоа што градот за прв пат ќе почне да се ословува како Тивериопол. Оваа име ќе остане во употреба се до XI век. Многу интересен и постаментот кој е пронајден во локалитетот „Орта Џамија“, посветен на Тибериј Кавидиј Менон, кој е потврден како главен свештеник на три фили (области) во Солун кон крајот на II век. Оттука може да се заклучи дека Струмица била под раководство на солунските управители, затоа што Солун бил главен град на Горна Македонија.

“Во добар час, градот му постави статуа на својот патрон, великиот Тибериј Клавидиј Менон, за неговата благонаклоност и квалитети“ – стои запишано на постаментот на кои се врежани и неговите стапки, како што може да се види на сликата. Една од претпоставките е дека токму по овој патрон и градот го добил и користел името Тивериопол.

За разликата од предисторијата и антиката, овој период е доста добро истражен и за него постојат голем број податоци. Имено, термалната бања во Банско е еден од најраскошните објекти од тој период, но неа ќе ја покриеме во наредниот текст. Интересно е тоа што во овој период посебно било активно рударството на планината Огражден, каде што биле активни, а денес добро истражените два локалитета – Црвено Поле и Драгулево. (и нив ќе ги покриеме во посебен текст).

Што се однесува на самиот град Струмица, неговиот развој продолжил и се зајакнал под падините на Цареви Кули. Градот продолжил да расте и да се развива за што сведочат и пронајдоците во горниот дел од градот кај познатиот „Мачук“. Тука е пронајдена раскошна урбана палата. чии подови биле украсени со различни мозаици, како што може да се види на сликата.

Кога сме веќе кај артефакти очигледно дека во околината на Струмица и натаму е ловело интензивно во римскиот период. Имено, и во Водоча и во Попчево, пронајдени се фигурини на Артемида, божицата на ловот. Артемида е исто така била и божица на птиците и змиите, и била посебно почитувана во овој регион. Оттука јасно гледаме дека карактеристиките на струмичкото поле, доста малку се имаат променето од антиката па наваму.

Ваквите пронајдоци посочуваат дека уште во овој период околу градот интензивно се развивале соседните населби, земјоделството и сточарството продолжиле да цветаат, а ловот продолжил да игра голема улога во општеството.

Во наредната епизода ќе завлеземе подетално во римскиот период, покривајќи ги Банско, Црвено Поле и Драгулево.

Leave a Reply

Discover more from Risto Gjorgjiev

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading