Откога отиде
Останаа само
Бакнежи не подарени
Усни нељубени
Очи недогледани
Срце не оздравено
Откога отиде
Oстанаа само
Спомени недоживеани
Мориња не испловени
Места не посетени
Зајдисонца недогледани
Утра неодрадувани
Откога отиде
Останаа само
Рани незалечени
Болки непреболени
Ноќи не иживеани
Зборови недокажани
Песни не испеани
Стихови недопишани
Откога отиде
Останаа само
Спомени болни
Желби неостварени
Погледи недогледани
Душа свената
Откога отиде
Остана само
Непребол, јад и црнила
Празнина и самотија
Сонови не досонувани
Откога отиде
Небото изгуби боја
Сонцето светлина
Откога отиде
Не останаа ни среќата
Ни надежта ни љубовта
Откога отиде
Останаа само
Танцови не танцувани
Допири не почуствувани
Прегратки не прегрнати
Откога отиде
Не остана
Мирисот твој
Среќата твоја
И таа среќна насмевка
Откога отиде
Останаа само
Ветрови и виулици
Магли и грмотевици
Неба тмурни и погани
Откога отиде
Останаа само
Мечти не домечтаени
Планови неисполнети
Остана се и сешто
Но, не и најважното нешто
Не остана ТИ.
