Author: ristogjorgjiev
-
Apathıa – Апатија

Македонецот мора во своите гени да има инсталирано апатија. Всушност, изреки како: „може да биде полошо“, „така било пишано“, „судбина тоа е“ се доказ за токму тоа, вродена апатија. Апатија кон државата, ко да е уште во сопственост на Отоманската Империја, апатија кон луѓето ко да не постојат, апатија кон среќата ко да е мисловна…
-
Мајстори за манипулација

Манипулацијата е едно од главните полтички оружја за доаѓање и задржување на власта. Во ерата на интернетот и медиумите, политичарите имаат безброј опции како ефикасно да го манипулираат јавното мислење во своја корист. Од нивното доаѓање на власт па се до денес, сведоци сме на едно перфектно политички одработено владеење на ДПМНЕ. Партијата се…
-
„Кванташки пазар – Македонија“

Верувам дека барем еднаш во животот сте имале прилика да посетите некој кванташки пазар. Доколку не сте ја имале таа чест, а живеете во Македонија, воопшто не мора да одите. Причина? Вие веќе живеете на кванташки пазар. Кванташкиот пазар „Македонија“ е еден територијално ограден простор во кој се владее по принципот прв дојден прв услужен,…
-
Коментар: Дејвид Камерон – самоубиец од заседа

Неколку дена по сега веќе историскиот референдум за излегување на Велика Британија од Европската Унија не стивнуваат критиките на сметка на Дејвид Камерон. Лидерот на британските конзервативци се коцкаше и епохално изгуби. Дејвид Камерон – интересна е неговата приказна. Дојде на чело на британските конзервативци во 2005 година, и наследи анемична и поделена партија. Успеа…
-
Теорија на хаос

Според теоријата во холивудски филм „Хаос“, настани кои навидум изгледаат неповрзани, подоцна покажуваа поврзаност и со тек на време формират заеднички шаблон кој логички се објаснува. Во филмот приказната се врти околу грабеж на банка. Грабежот е проследен со експлозија и во хаосот ограбувачите успеваат да побегнат. Во таквата хаос ситуација нејасно е што точно…
-
И би избори

И би избори Бог рекол: „шест дена работи на седмиот одмарај, на осмиот бетонирај избори“. Може и не рекол така, ама нам од штаб така ни кажаа. Не поминува ден во кој не бетонираме избори, најпрвин ги бетониравме на 24 Април, па ги бетониравме на 5 Јуни, а како тргнало ќе ги бетонираме барем уште…
-
Сечено, лепено, монтирано

Македонското истражувачко новинарство не престанува да ме импресионира. Токму затоа решив да напишам еден сечен, лепен и многу монтиран текст. Пред некој ден на Фејсбук се појави статус. Статусот беше напишан од мајка, скршена од загубата на својата ќерка. Нејзината ќерка тоа утро скокнала од деветтиот спрат на зграда во Аеродром. Падот бил кобен. Мајката…
-
600 Нови чуда секој ден (втор дел)

Никогаш не било можно сите македонски чуда да ги собере во еден текст па затоа ќе продолжиме во вториот дел онаму каде што застанавме во првиот. На чудата македонски им нема крај: Македонија е лидер по премолчени претседателски мандати, со цели два мандати во кои никој не е сигурен дали имаме претседател или не Нашиот…
-
600 Нови чуда секој ден (прв дел)

Постои една стара македонска која вели: “секое чудо за 3 дена“. Македонија одамна веќе е светско економско чудо, лидер во сите области без конкуренција (освен Северна Кореја која се обидува да го следи нашето темпо). Потврда за тоа колку многу Македонија катадневно напредува, дојде и од директорот на Агенцијата за вработување на РМ, Влатко Поповски,…
-
Македонска желба за поробеност

Зелката има кошули триста, турското ропство петстотини години, а Македонецот милениумска потреба да се лаже дека утре ќе биде подобро. Денес звучи апсурдно да се каже дека македонците имаат желба за поробеност, та нели за првпат во многу векови имаме независна, самостојна држава. Но, всушност ние се уште сме поробени затоа што се однесуваме како…









